ГРУМИНГ АКАДЕМИЈА
- Уписи: Во Тек
- Времетраење: Се адаптира на потребната динамика за остварување на проектот на кандидатот
- Вклучува: Теоретски и практичен дел
- Потребно искуство: Почетник
- Добивате: Сертификат, практичен дел со менторство, можност за вработување во земјата или во странство
Зошто Груминг кариера?
Стручното усовршување е клуч за Вашиот иден успех. Почнувате или имате желба за напредок во Вашиот бизнис ? Во двата случаи, стручното усовршување е клуч за Вашиот иден успех. Работејќи со најдобрите од Македонија, Франција и Германија ќе се стекнете со најдоброто за Вас.
Академијата/обуката има сеопфатен пристап од основни стручни фризерски вештини за миленици со ножички и машинка, па сè до солидно разбирање на деловни, комуникациски и маркетинг вештини со цел да добиете најдобар поврат на Вашите инвестиции, да го изградите Вашиот бренд, да го зголемите успехот, да остварите повисоки маржи, да ги задржите клиентите и да стекнете најдобра репутација.
Нашиот тим се грижи за благосостојбата и здравјето на домашните миленици користејќи исклучиво природни производи.
Трансформирајте ја Вашата кариера. Време е да се усовршите, да учите и да растете со Академијата.
Обезбедуваме целосна поддршка на Вашиот пат кон нова професионална кариера.
Просечна месечна заработка на Груминг Салон во Македонија
1000 €
Просечна дневна заработка на професионален Грумер во Германија
200 €
За Академијата
Трансформирајте ја Вашата кариера.
Имаме фантастичен тим за поддршка во сите сфери на Пет-бизнисот (грумери, негуватели, одгледувачи, ветеринарни доктори, дресери, едукатори, сопственици на специјализирани продавници и пет-шопови, маркетинг експерти). Нашиот тим ќе ги земе предвид сите ваши дополнителни потреби за обука, а ние ќе се потрудиме да Ви помогнеме да ги постигнете највисоките стандарди.
Комбинираме теоретско знаење со практична работа.
Структурата на курсот се заснова на холистички пристап, каде што се оценувате преку практични набљудувања и задачи засновани на теорија.
Преку сеопфатен пристап преку комбинирано учење стекнувате солидно теоретско знаење (задачи засновани на теорија) и практична работа (вежби и набљудување). На овој начин ќе добиете максимален ефект и искуство. Ќе бидете оценувани според Вашите практични вештини, со посебен акцент врз здравјето и безбедноста на животните и на персоналот
Курсот предвидува стекнување сеопфатни вештини од разбирање на здравјето и благосостојбата на секое куче за кое сте одговорни, па сè до правните аспекти на работата со кучиња и способност да станете професионален фризер за миленици.
Реализирајте го вашиот потенцијал преку врвна обука и забавно искуство, и верувајте дека Вашата страст ќе ви го овозможи животот за кој сонувате.
Дали сакате обука што води до среќна кариера?
Дали сакате да Ве учат луѓе кои не само што се одлични учители, туку имаат и искуство за вистински успех во салонот?
Дали сакате да остварите вистински баланс меѓу работата и животот?
Што ќе научите и добиете ?
Преглед на раси на кучиња и на типовите палта
Вовед во капење, чистење уши, очи, шепи и нега на интима
Техники на сушење и четкање
Структура на нокти и нивно правилно сечење
Вовед во чешлање кучиња и опрема за чешлање
Употреба на машинки и сечила и нивно одржување
Демонстрација на стил
Создавање чиста и безбедна работна средина, суштинска прва помош и итен случај
Креирање на сопствен Бизнис План
Градење бренд, креирање профили на социјалните мрежи и обука за правилно користење
Сеопфатни деловни совети, даночни совети, можности за кредити и субвенции
Промотивна цена за купување опрема и залихи
Успешни приказни на нашите алумни студенти 2023 година
Партнери и предавачи
ТУТУ Татјана Петковски
После груминг обуката во Париз во 2018та година, работам во мојот салон ТУТУ според строгите француски правила во однос на добробитот на миленикот и транспарентноста кон сопствениците. Здравјето и безбедноста на миленикот се секогаш мој прв приоритет. Моето знаење го пренесов на неколку грумери и сега се приклучив на тимот на Академијата со цел да пренесам дел од моето знаење и искуство на слушателите и да им помогнам во прекрасната авантура.
Д-р Димче Велковски ВЕТЕРИНАРЕН ЦЕНТАР
Нашата филозофија е да се фокусираме на превенција и благосостојба на милениците. Со слушателите ќе дискутираме за прва помош и за сите аспекти на здравјето на милениците и заеднички ќе ја формулираме најдобрата стратегија.
Габриела Ердман
Основањето и развивањето на мојот салон во Германија е вистински пример за потенцијалот на овој бизнис и дека може да се успее било каде кога се има цврста волја. Мојот салон е отворен за слушателите од Академијата кои сакаат да додадат меѓународно искуство на својата кариера
Фредерик Лапланш
Јас сум француска грумерка со триесет и пет годишно искуство и желба за соработка со слушателите од Академијата. Покрај бројни награди на моите клиенти и слушатели, јас активно работам со сертифициран козметолог во Франција на иновации во козметиката кои се достапни и во Скопје преку grooming.mk.
Илија Петковски
По 17 години на раководни позиции во Франција, со Татјана пред 5 години го основавме ТУТУ како најрентабилен груминг салон во регионот со високи западноевропски вредности. Преку Академијата ќе го споделиме нашиот бизнис модел и ќе го адаптираме според Вашите потреби и можности со цел Македонија да прерасне во регионален центар за груминг и платформа каде салоните се грижат за благосостојба на милениците според европски стандарди.
Ивица Пигуловски
20 години работам како претприемач и креатор на неколку успешни стартапи. Заедно ќе работиме на создавање успешна маркетинг стратегијата прилагодена за Вашиот бизнис и на правилно сетирање и користење на дигиталните канали за комуникација (веб страница, Google Ads, Facebook Ads, Local SEO, E-mail marketing...)
Мистер Канг
професионален стилист за мачки со завршени студии за негување миленичиња во Јапонија, а потоа се имам преселено во Кореа и 11 години водев салон за домашни миленици. Специјализиран сум стилизирање кучиња во јапонски стил, стилизирање мачки како и ароматерапија за домашни миленици. Дозвола за чешлање миленичиња - USM Tokyo Academy за стилизирање миленичиња Лиценца за стилиозирање миленичиња - Корејска кинолошка федерација Менаџер за придружни животни - Корејска кинолошка федерација Дозвола за ароматерапија за миленичиња - Здружението за холистички животни на Кореја Видовите на ароматерапија за домашни миленици вклучуваат арома-газирана бања, третман со кал, чистење на телото и масажа. Производите за ароматерапија за домашни миленици кои ги користам се од органско потекло и се со природни есенцијални масла увезени од Јапонија. Преку обезбедеување на висококвалитетно образование за стидентите на академијата сакам да ја развијам македонската индустрија за стилизирање на домашни миленици.
Детали за програмата
Модул 1: Теоретски дел
(Наменето за сегашни и идни професионалци)
✔️ Мала група до тројца слушатели и повеќе од десетмина докажани презентери од различни професии
✔️ Попладневни сеанси во Центар надвор од Вашето работно време
✔️ Третман на раси кои сочинуваат >80% од идните клиенти
✔️ Запознавање со административните процедури и можност за грантови
✔️ Запознавање со други грумери и посета на нивните салони
✔️ Професионален тим ви помага при креирање профили на ФБ и Инстаграм и Гугл Мапс
✔️ Помош за промоција и стекнување на првите клиенти
✔️ Помош во Вашиот салон при првиот клиент
✔️ Обука за 100% успех
✔️ Сертификат
ТЕОРЕТСКИ ЧАСОВИ
Онлајн
Сеанса 01
Директни контакти со одговорни лица во:
– Занаетчиска комора, услови за основање на фирма
– институции кои помагаат претприемништво, АПП, во форма на кредити, грантови и друга помош
– банки кои нудат поволности при отворање на сметка
Сеанса 02
изготвување на сопствен Бизнис план според успешен економски модел
Сеанса 03
изготвување на Маркетинг план со Специјализирана ПР Агенција и креирање профили на социјалните Мета мрежи ФБ и Инстаграм и позиционирање на Гугл Мапс
Сеанса 04
запознавање, тестирање и одржување на опремата од светски докажани производители достапна во Македонија
Сеанса 05
ризици при работа
– создавање на безбедни услови за кучето и Прва Помош со Ветеринарен Центар
– распознавање на безбедни хемиски средства (шампони и кондиционери, серуми, расплеткувачи …)
– протокол за хигиена
Сеанса 06
запознавање со различните раси на кучиња со нивни специфичности на карактер и крзно
Сеанса 07
вовед и педагошки демонстрации во правилното четкање и чешлање на миленикот
Сеанса 08
вовед и педагошки демонстрации во правилното капење и сушење на миленикот
Сеанса 09
вовед и педагошки демонстрации во различните техники на шишање со ножици и машинка
* Видео вклучувања на искусни груминг експерти од Германија и Франција кои ќе презентираат дел од своето знаење но и можностите за вработување на нашите слушатели во ЕУ
Модул 2: Практичен дел
✔️ Работа еден на еден со докажан грумер во сеанси од 2 часа според Вашите технички потреби
✔️ Шишање на куче под стручен педагошки надзор кој го евалуира Вашиот напредок
✔️ Практично учество и изведба во специјализирани сегменти од третмани на над 20 кучиња
Грумирање на кучиња со различна состојба на крзното од следниве раси
#бишон фризе
#малтезер
#кокер
#шитцу
#јоркширски териер
#мешанци
и запознавање со функционирањето на Салон ТУТУ
Цена и термини
Често поставувани прашања
Доколку сакате флексибилно работно време, солиден приход и имате љубов кон животните Груминг кариерата е одличен избор.
За да ја практикувате професијата фризер за миленици во Македонија не постои обврска да поседувате каков било сертификат. Сепак, од страна на Академијата, ќе добиете Сертификат за завршена груминг обука со цел да го потврдите Вашето знаење пред првите клиенти и исто така ќе Ви биде потребен доколку склучите договор со некој од западноевропските партнерски салони на Академијата. Она што е најважно е дека обуката е пред сè можност за добивање знаење од докажани професионалци, коешто е од клучно значење при започнување бизнис од која било занаетчиска дејност.
Обуката за теоретски и практичен дел трае 10 недели но се адаптира на ритамот на кандидатот.
Теоретската обука се одржува преку онлајн видеа и брошури, додека едукативните демонстрации се одвиваат во Груминг Академијата во салонот на ТУТУ (во карпош кај млечен ресторан)
Практичната обука се одржува во груминг салонот ТУТУ.
Не е потребно никакво предзнаење за да се обучите во Академијата. Сепак, сопствениците на миленици, а особено оние чие крзно секојдневно се одржува, ветеринарните техничари/доктори или фризерите за луѓе е можно да покажат предност во совладувањето на вештините за разлика од оние кои имаат некаков страв од миленици или од нивен допир.
Обуката е наменета за оние кои сакаат да создадат сопствен бизнис како фризери за миленици, но секогаш постои опција да се најде вработување кај некој од нашите партнери во Македонија и странство.
1800 евра еднократно